Манекенката Џенер се соблече и позираше на снегот – „Е*ено студено е“
Кендал Џенер се искачи на врвот на планина со снег за да се слика и да заработи уште некој милион за себе, Сето ова не би било толку чудно, ако тоа не го направеше целосно гола. На минусни температури.
Имено на нејзиниот Инстаграм се појавија две фотографии на кои позира само во розов танга костим за капење и длабоки чизми за снег. Ако е за утеха, таа носи и шубара на глава, па ако тоа не ја загреа тогаш ништо не може.
Таа кратко напиша:
„Е*ено студено е“, со што на фановите им ја доближи атмосферата од оваа доволно инспиративна фотографија.
Кендал важи за една од најплатените модели, а за тоа придонесуваа нејзините провокативни објави, кои ги има многу често. Сепак, мора да признаете, ова е многу смел потег.