Орбан нареди да се урне статуата на Имре Наѓ од центарот на Будимпешта

Будимпешта повторно е на нозе откако властите во петокот ја отстранија бронзената статуа на Имре Наѓ од плоштадот во самиот центар на унгарскиот главен град, во близина на парламентот. Скулптура беше рекламирана во туристичките водичи како една од знаменитостите што треба да се видат за време на посетата на Будимпешта. Но поважна е политичката порака што ја испраќа таквата одлука. Наѓ беше еден од комунистичките водачи кои ја формираа владата во Унгарија по Втората светска војна.

Властите тврдат дека целта на целиот процес е да се врати оригиналниот изглед на централниот дел на главниот град, како што беше пред Втората светска војна, а во исто време се обидува да ги избрише трагите на комунистичката власт, која траела до 1989 година. Но споменикот на Наѓ на Плоштадот на мачениците е поставен во 1996 година, а на негово место ќе треба да биде ставен споменик за загинатите во 1919 година, жртви на краткотрајниот комунистички режим.

-Во целата приказна не може да се игнорира фактот дека Орбан се гледа себе си како најважна личност во Унгарија – затоа е веќе внесен во училишната програма. Затоа тој е вознемирен од статуите на другите кои оставиле белег во историјата. Конечно, секој нов римски император веднаш наредувал на статуите од поранешниот император да се смени главата со неговата. Орбан не може да го стори тоа, но може да го отстрани Наѓ. Целта на Владата да се создаде верзија на историјата која му оди во прилог на Орбан, рече Ласло Миклош, претседател на Здружението на унгарските наставниципо историја, за The New York Times.

 

Треба да знаете
Последни објави