Властите во Бања Лука ги откажаа сите актвиности кои денеска требаше да се одржат во градот по повод новогодишните празници.
За првпат по војната, во Бања Лука нема да има новогодишна прослава, бидејќи сите настани се откажани поради безбедноста на туристите и граѓаните, изјави градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојчиќ, на вонредната прес-конференција, по синоќешните случувања во градот за време и по митингот „Правда за Давид”, чие одржување беше одобрено претходно.
„Нека оваа тишина ја разберат оние кои треба да го решат случајот Драгичевиќ, нека разберат органите кои прават или не прават овој случај да се реши и нека чујат граѓаните на Бања Лука и нека размислат дали нам ни треба убава и добар град живееме во него и да работиме заедно“, изјави Радојчиќ.
Поради вчерашните протести претпладнево откажани беа голем број манифестации, со образложение дека во актуелните околности не смее да се ризикува безбедноста на граѓните. Градоначалникот потврди дека од безбедносни причини нема да се одржи ни вечерниот концерт. Од 26 март на Плоштадот во градот се одржуваат собири „Правда за Давид“.