Уапсен убиецот од Ѓорче, му должел пари на убиениот Добраниќ

Скопјанецот С.Т.(25) е осомничен дека го убил Ненад Добраниќ (38) во петокот во скопската населба Даме Груев, информираше МВР. Единица за насилен криминал при СВР Скопје против осомничениот  до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава за убиство.

Како што информриа МВР, на 28 декември годинава околу 21.30 часот на улица Шарпланинска во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „Црвена застава” испукал два патрона во Добраниќ, кој седел во автомобил „фолксваген пасат” и го убил. Убиецот потоа ја ставил пушката во автомобил „пежо 106″, со кое бил дојден и избегал.

Според полицијата, С.Т. појаснил дека од жртвата во неколку наврати земал пари, а по претходен договор во петокот вечерта требало да му врати дел од парите, откако Добраниќ на 22 декември и во четвртокот му се заканил дека ќе го убие ако не му ги врати парите како што претходно се договориле.

Пријавениот појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28 декември во 21:00 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати 22 и 27 декември му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле.

Треба да знаете
Последни објави