ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ планира и во 2019 со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста

Партијата предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев не само што им ја зацрни 2018 година на граѓаните, туку очигледно има намера со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста и во 2019 –та година, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина жално. Со манипулации се обидуваат да ја покријат својата неспособност. Иако им истече и втората години од мандатот, тие се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата за 500 евра просечна плата, 600 километри нови автопати, 100 илјади денари плати за докторите, повраток на 15 % од ДДВ, 13-та плата во секое семејство, достоинствен откуп за земјоделците, повисок стандард, повисоки пензии, студентски град и уште десетици други шарени лаги. Што кажаа, се излажаа. Што фатија се исушија.

Затоа пак направија нешто што не го спомнаа во програмата, како пораст на криминалот, сеприсутна корупција, криминални тендери, осиромашување, повисоки даноци и давачки за граѓаните, поскапи горива, менување на Устав, менување на уставното име, рушење на идентитетот, продажба на националните и државните интереси, богатење на партиските и владините функционери со народни пари, партизирање на судство и редица на црнила во секој сегмент од општеството.

Граѓаните сакаат што побрзо да ја заборават оваа промашена и црна 2018-та година. Следната 2019 година може да биде среќна само ако овој криминален картел на власт предводен од Заев падне. Само така сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ ќе почувствуваат среќа и благосостојба“ стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави