Директорите на скопските јавни претпријатија вечерва ги посетија најстарите скопјани за да им ја честитаат Новата Година.
Директорот на ЈП”Улици и патишта”, Сенад Смсиловиќ, директорот на ЈП”Комунална хигиена”, Абдулсамет Шабани и првиот човек на ЈП” Паркови и зеленило”, Ардијан Муча беа во посетс на згрижениците во државниот Дом за стари”Мајка Тереза” во Ѓорче Петров.
Тие со скромни донации им ја разубавија вечерта на старите и им посакаа се најубаво во 2019 година.
-Вечерва, со својата скромна донација, заедно со директорите Муча и Смаиловиќ, се обидовме да придонесеме овие луѓе да се чувствуваат пријатно и весело да ја дочекаат Новата година. Им посакувам добро здравје и уште многу среќни денови во животот, изјави Шабани.