Киану Ривс не сака да зборува за хуманитарните дела што ги прави

Славниот актер Киану Ривс на каскадерите со кои работеше на Matrix им купи мотоцикли. Својот хонорар за улогата во филмот го подели со екипата која работеше на специјалните ефекти и костими, но ова  е само дел од добрите дела што актерот ги прави.

 

Иницираше да му исплатат помал хонорар за во поедини филмови да глумат и други ѕвезди, како што беше случајот со Ал Пачино во The Devil’s Advocate.

Иако е славен, користи јавен превоз и често се дружи со бездомници.

Има многу работи кои се малку познати за Киану Ривс, а тоа е дека е многу дарежлив со парите, со оглед на фактот дека со години тајно донира во хуманитарни цели и за болници. Во 2009 година тој потврди дека има приватна фондација:

„Имам приватна фондација која постои 5 или 6 години и им помага на неколку болници за деца и истражувања за рак. Не сакам моето име да се поврзува со неа, ги оставам луѓето да си ја вршат работата“.

Тој исто така помага и  за заштита на правата на животните.

Треба да знаете
Последни објави