Мигрант бил повреден додека се обидувал да се качи на воз, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу полноќ на железничка станица Трубарево.
Тогаш двајца мигранти се обидувале да се качат на товарен воз кој сообраќал кон Гевгелија, но при тргнување на возот еден од мигрантите паднал и тешко се повредил.
Од екипа на Итна медицинска помош повреденото лице билo пренесенo во kомплекс клиники “Мајка Тереза“. Другото лице е однесено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.