Во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд,илјадници граѓани се собраа околу Скај Тауер за да го прослават доаѓањето на Новата година.
Тие се забавуваа и уживаа во незаборавниот и традиционален огномет од Скај Тауер.
Седум и ипол милијарди луѓе низ светот ја чекаат Новата година со огномет и прослава, но со посебни мерки за безбедност. Во 2019 година први влегоа жителите на островите Самоа и Кирибати, а први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нију во јужен Пацифик. Кај нив 2019 година, по средноевропско време, ќе стигне дури утре.