Полицијата на Бања Лука распиша потреница по Давор Драгичевиќ и за уште четири луѓе поради сомнение дека извршиле кривични дела и прекршоци.
– Полициските службеници ќе ги преземат сите мерки и дејаства за да ги пронајдат наведените лица и за да ги документираат сторените кривични дела и прекршоци, соопштија од МВР на Република Српска.
Претходно, полицијата соопшти дека синоќа уапсила повеќе лица поради прекршување на Законот за јавен ред и мир, Законот за јавно собирање и Законот за основите на безбедноста во сообраќајот на патиштата во БиХ, а има сомнение дека се извршени и одредени кривични дела.