Припадниците на ФСБ го привеле американскиот државјанин Пол Вилан во Москва, за време на шпионска операција и против него е покрената кривична постапка, пренесе „Спутник“.
„Во Москва припадниците на ФСБ на 28 декември за време на спроведување шпионска операција го уапсиле државјанинот на САД Пол Вилен“ се наведува во соопштението.
Се додава дека против него е покрената кривична постапка по членот за шпионажа. ФСБ не дала повеќе детаљи. Според членот на законот по кој е покрената кривичната постапка предвидена е казна од 10 до 20 години.