Седум и ипол милијарди луѓе низ светот ја чекаат Новата година со огномет и прослава, но со посебни мерки за безбедност. Во 2019 година први влегоа жителите на островите Самоа и Кирибати.
Самоа е остров со 180.000 жители, пред неколку години поради економски причини ја смени страната на датумската граница, нејзината источна страна премина на западната и од тогаш во новата година влегува прва, а не последна.
Киритимати, позната како Божиќен остров, е наисточниот дел од пацифичката островска држава Кирибати. Жителите на островот Киритимати затоа се навикнати први да влезат во новата година.
Први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нију во јужен Пацифик. Кај нив 2019 година, по средноевропско време, ќе стигне дури утре.