За антинародното и антизападно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, 2018 беше година на лажни вести, немање став, деструкција и блокади на иднината на Македонија. Редовно се ширеа невистини од луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.
„Од хиперпродукцијата на лаги и море од невистини пласирани на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година како најголеми се издвојуваат:
- ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника помеѓу граѓаните дека низ цела Македонија ќе се градат бегалски кампови. Денес, на прагот на 2019 година, бегалски кампови нема.
- ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека ќе се укинуваат евтините летови за граѓаните. Евтините летови постојат и денес, а обезбедени се и нови дополнителни релации од аеродромот во Скопје и Охрид.
- Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се загрози и уништи македонскиот идентитет, јазикот и посебноста. Тоа не само што не се случи, туку македонскиот идентитет, јазик и посебност се дополнително зајакнати.
- Лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ од преамбулата на Уставот. Со уставните измени кои се во завршна фаза се потврдува дека АСНОМ и одлуките на АСНОМ се зацврстени, обезбеден е историскиот континуитет на државноста.
- Антинародното ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника дека драстично ќе поскапи лебот и ќе се зголеми сиромаштијата. Тоа не се случи. До денес ниту еден голем производител ја нема покачено цената на лебот.
- Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ ширеа лажна паника меѓу граѓаните дека акцизата за горивата ќе влијае на зголемена инфлација и ќе има ценовни шокови, што се разбира не се случи. Инфалцијата е во нормалните граници а цените се стабилни, односно нема никакви ценовни шокови и поскапувања. Платите растат, се зголемува социјалната помош.
- Лажеше ВМРО-ДПМНЕ и за наводно поскапување на електричната енергија, што секако не се случи. Останува фактот дека единствено покачување на цената на струјата од 100 проценти се случи за време на ВМРО-ДПМНЕ, а како прв човек на ЕЛЕМ Мицкоски сноси одговорност и за тоа.
- ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски лажеа дека се зголемува јавниот долг. И покрај тоа што се враќа огромниот долг што го остави криминалната ВМРО-ДПМНЕ долгот се намалува, од 48,8 отсто од БДП колку што изнесувал во септември 2016, на 48,2 колку што изнесуваше во септември оваа година.
- Мицкоски лажеше дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на неговиот ментор Никола Груевски а потоа се увиде дека неговиот ангажман ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.
- Неспособниот Мицкоски лажеше и за неговите хидроцентрали и бизнисот што го добил од Груевски. Се покажа дека земјиштето за хидроцентралите го добил токму во време кога бил советник на Груевски“ наведуваат од партијата.