Фудбалерите на Манчестер Јунајтед после разочарувачкиот старт, на најдобар можен начин ја завршија оваа година.
Манчестер Јунајтед вчера славеше против Бурнмаут со 4:1, а тоа беше третата победа по ред на „Црвените Ѓаволи“ откако за тренер на екипата беше назначен Оле Гунар Солскјер.
Откако на Мурињо му беше врачен отказ, Јунајтед забележа три победи на последните три натпревари со вкупна гол разлика од 12:3, со што се врати надежта кај навивачите дека клубот од „Олд Трафорд“ ќе успее да заврши меѓу четирите најдобри екипи, односно ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Интересно е тоа што Солскјер веќе се запиша во историјата на Премиер лигата, со оглед на тоа што на ниту еден тренер претходно не му успеало на првите три натпревари од моментот на превземање на екипата, неговиот тим да постигне повеќе од 10 гола.
Јунајтед досега има постигнато 12 погодоци, а серијата на добри настапи избраниците на Солскјер ќе се обидат да ја продолжат во среда на гостувањето кај Њукасл Јунајтед.