Честитка од гувернерката на НБРМ: И во 2019 година ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем

Во име на моите колеги од централната банка и во мое име, со искрени желби за добро здравје и среќа ви ја честитам Новата 2019 година. Посакувам да ни биде година на хармонија, напредок и нови достигнувања.

Сигурна сум дека и во годината што е пред нас ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем на Република Македонија. И во следните 365 дена ќе ги унапредуваме сите сегменти на централнобанкарското работење во земјава, за да може НБРМ и натаму да го дава својот максимален придонес во доближувањето на македонската економија до европското семејство. 

Најсилните желби нека ни станат реалност!

Среќна Нова 2019 година!

Треба да знаете
Последни објави