Хрватот Јасмин Репеша е назначен за нов тренер на Будуќност, соопшти актуелниот шампион во АБА-лигата. Неговото назначување се случи по отпуштањето на поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ.
Промоцијата на наследникот на Џикиќ, раководството на Будуќност ја закажа за денеска.
Двете страни се обврзаа на соработка следните 18 месеци.
Репеша дебито во својот нов клуб ќе го има на 3 јануари во Евролигата против својот поранешен клуб Армани Џинс.
Трофејниот кошаркарски тренер досега во својата тренерска кариера работеше во 15-ина екипи, меѓу кои се европските гиганти Цибона, Бенетон, Уникаха Малага, Цедевита, Армани.