OJO за убиството во Ѓорче: Mу рекол дека треба да смени евра, па му пукал во глава со сачмарка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против С.Т.(25) поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Претходно МВР информираше дека С.Т. е осомничен за убиството на Ненад Добраниќ(39) во петокот во Ѓорче Петров, и дека е уапсен.

 

-Како што укажуваат досега прибавените докази во постапката, осомничениот, на 28.12.2018 година, на улица Шарпланинска во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Имено, тој ја зел ловечката пушка од куќата на неговиот дедо и го повикал оштетениот да се најдат на одредената локација за да му врати позајмени пари. Кога оштетениот пристигнал со неговото возило, осомничениот му рекол дека парите ги носи со себе, но дека се во валута евро и дека ќе мора да ги заменат. Притоа на кратко излегол од автомобилот на оштетениот, оставајќи ја намерно отворена вратата на совозачкото седиште, по што ја зел претходно скриената ловечка пушка и испукал еден патрон кон главата на оштетениот. Тој се обидел да ја отвори возачката врата и да избега, но осомничениот испукал уште еден патрон кон неговиот грб, нанесувајќи му тешка телесна повреда која предизвикала смртен исход, велат од ОЈО.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави