Руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека е приведен Пол Вилан, државјанин на САД и против него е покрената кривична постапка.
– Во Москва на 28 декември припадниците на ФСБ при шпионска операција го уапси државјанинот на САД, Пол Вилан, се наведува во соопштението.
Против Вилан е покрената кривична постапка по членот за шпионажа.
ФСБ не соопштува други детали.
Според членот по кој е покрената кривичната постапка предвидена е казна затвор од 10 до 20 години.