Фото галерија:Пуштени три нови хируршки сали на ортопедија

На клиниката за ортопедија денес беа отворени три нови хируршки сали. Директорот на клиниката Виктор Камнар за 24 инфо вели дека Клиниката за ортопедски болести е една од најстарите здравствени институции во државата. Воедно таа е и најголема организација која се бави со лекување на сите ортопедски болести, повреди и состојби.

Најголема и по просторни капацитети, материјални и штое е најважно човечки и стручни капацитети. Да не заборавиме дека тоа е и универзитетска клиника која едуцира и продуцира кадри во дејноста и е единствена од тој тип во Р Македонија. Имајќи го сето горенаведено во предвид нормално е и да трпела трансформации во тој период и различни реконструкции и распределби. Последната голема реконструкција била 1995 година кога е реновиран и изграден новиот хируршки блок- вели Камнар. Според него оперативниот блок во моментот е еден од најмодерните во државата.

-Ги исполнува сите потребни светски стандарди во однос на целата инфраструктура, од контрола на течението на воздухот со негативен притисок до најмодерни оперативни столови и осветлување. Тоа директно значи дека во сите операциони сали може да се изведуваат сите типови на интервенции без ограничување. Тоа значи зголемена безбедност и сигурност за пациентите , како и намалување на времето на чекање за интервенција бидејќи е овозможена поголема ефикасност во работата. Реновирањето траеше околу 9 месеци. За време на тој период беа изведувани и градежни зафати покрај сите други внатрешни инфраструктурни реконструкции- вели Камнар. 

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави