Пејачката Селена Гомез откако повторно заврши на рехабилитација, сега се враќа посилна. Имено, излегувањето од клиниката го прослави со скијање заедно со пријателите кои на социјална мрежа ги споделија првите фотографии од неа.
Насмеана и здрава, Селена ги воодушеви бројните фанови, а попатно ја покажа поддршката за нејзината колешка Тејлор Свифт носејќи ја промотивната маица од нејзината последна турнеја која потоа ја носеше на планинарење.
Два дена пред Божиќ, Селена прошета низ Лос Анџелес во бела маица со подолг текст на кој пишуваше: “Благодарна сум за сè што се случува во мојот живот и сè што треба да се случува во иднина. Се трудам секогаш да дадам сè од себе, бидејќи тоа никој нема да го направи наместо мене”. Натпис кој инаку добро се совпаѓа со нејзината моментална ситуација.
А, само неколку дена подоцна пејачката беше снимена на излезот од теретана во маица на која пишуваше: “Избери емпатија”, порака испратена до нејзините хејтери.