Првпат во историјата на спротивните страни на мрежата ќе се најдат најдобриот тенисер и најдобрата тенисерка на сите времиња – Роџер Федерер и Серена Вилијамс.
Мечот од Хопман купот во кој зедно играат мажи и жени ќе се игра утре во Перт, Австралија, а Роџер и Серена истакнаа дека се возбудени што за прв пат ќе си ги измерат силите.
„Многу сум возбуден, а сигурен сум дека и таа е. Се надевам дека навивачите ќе уживаат бидејќи ова ќе биде прв, а најверојатно и последен пат да играме ние двајца“, изјави Федерер.