Нова година го означува крајот на еден и почетокот на нов циклус во живеењето на луѓето. Ова е празник кој ни дава шанса за нови почетоци, за поправање на грешките и создавање нови планови и амбиции. Новата година се празнува низ целиот свет, на најразлични, а понекогаш и чудни начини.
Ние Македонците ниту еден празник не можеме да го замислиме без руска салата, кифлички, многу месо, мрсна и калорична храна, а секако и да не ги заборавиме сармите. Тое е нашиот ритуал, сарма мора да има за Нова година.
Секој на свој начин. Некој дома со најблиските, некој во кафеана или дискотека, некој на некое новогодишно патување на далечна дестинација, или пак на блиските планински места.
Колку и да сакаш да не трошиш пари за тој ден, тоа воопшто не е возможно. Сепак да си седиш дома ќе ти биде најевтино, но сите ние сакаме богата трпеза, за богато да ја почнеме годината.
Ние, ја празнуваме и дочекуваме така, но како е во светот?
Грција
Св. Василиј е еден од “татковците” на Грчката Црква, а тој датум е и годишнина од неговата смрт. Ритуалот за одбележување на овој празник започнува со подготовка на посебен леб, каде што една метална паричка е вметната во самата тесто. Постапката за служење на овој леб е уникатна.
Првото дело му служи на Бога, на други домаќинства, и на третото домаќинство.
Ако последното парче содржи монета, според верувањето, пролетта ќе пристигне на почетокот од следната година.
Но, ако една монета најде некој од куќата, се верува дека оваа личност ќе има повеќе среќа.
Среќна Нова Година на грчки: Eutychismenos o kainourgios chronos!
Еквадор
Во оваа држава во Средна Америка, луѓето се собираат и точно на Нова година отпочнуваат со палење на сите фотографии кои означуваат некој посебен настан од годината што заминува. На тој начин тие ја ослободуваат душата на луѓето што била заробена на тие фотографии.
Чиле
Во Сантијаго, главниот град на Чиле, огромен број луѓе, непосредно пред полноќ на новогодишната вечер, со столчиња, храна и пијалаци се упатуваат на гробишта. Таму, тие ја почнуваат Новата година со душите на покојните.
Данска
Данците во текот на целата година собираат чинии, кои на новогодишната ноќ ги фрлаат пред вратите на своите пријатели. Оној што ќе најде најмногу искршени чинии пред својата врата значи дека има најмногу пријатели кои му посакуваат сѐ најдобро во Новата година.
Австрија
Австријците имаат обичај на денот пред Нова година да растопуваат олово и да го истурат во сад со вода. Според она што ќе се оформи од жешкото олово тие ја претскажуваат својата судбина во наредната година. Топчестите форми навестуваат среќа, поаглестите форми предвидуваат потреба од помош, а ако случајно се оформи крст, тогаш тоа значи смрт во семејството.
Порторико
Жителите на оваа островска држава веруваат дека старата година треба да се измие, за новата година да им почне потполно чисто. На денот пред Нова година тие ги чистат и украсуваат домовите, а непосредно пред полноќ се мијат во леѓен и водата ја фрлаат низ прозорецот, за да замине со старата година.