Портпаролот на Ватикан, Грег Бурк и неговиот заменик, Палома Гарсија Овехеро, поднесоа ненадејни оставки, кои Папата Френциск денеска ги прифати.
На својот профил н социјалната мрежа „Твитер“, Бурк напиша дека тој и неговиот заменик поднесуваат оставки.
Paloma and I have resigned, effective Jan. 1. At this time of transition in Vatican communications, we think it’s best the Holy Father is completely free to assemble a new team.
— Greg Burke (@GregBurkeRome) December 31, 2018
Нивните оставки стапуваат на сила утре односно на први јануари 2019 година, објави АП.