Како ќе реагира вашето тело кога ќе престанете да пушите? Некои корисни ефекти се појавуваат речиси веднаш, а останатите доаѓаат со текот на времето.
– По 20 минути вашиот крвен притисок и пулсот се враќаат во нормала.
– По 24 часа јаглеродниот моноксид исчезнува од вашето тело.
– По 48 часа никотинот е исфрлен од вашето тело.
– Помеѓу втората и 21-та недела се подобрува циркулацијата на крвта.
– По една година се намалува ризикот од срцев удар за една половина.
– По 10 години се намалува ризикот од рак на белите дробови.
Дали ова се доволно добри причини засекогаш да се решите од оваа лоша и нездрава навика и веднаш да ги фрлите цигарите?