Дејвид Вилан: Брат ми е не е шпион, во Москва дојде на свадба

Братот на американскиот државјанин, Пол Вилан, кој беше уапсен во Русија под обвинение за шпионажа, изјави дека неговиот брат е невин и дека дошол во Москва за да присуствува на свадба.

„Длабоко сме загрижени за неговата безбедност. Неговата невиност е несомнена и веруваме дека неговите права ќе бидат почитувани”, изјави Дејвид Вилан.

Руската разузнавачка служба ФСБ вчера објави дека уапсила еден американски државјанин и дека тој бил фатен „во шпионска операција”, но не соопштија повеќе детали.

Во Русија е предвидена санкција до 20 години затвор за шпионажа. Американскиот Стејт департмент вчера објави дека добил официјална потврда од руското министерство за надворешни работи и дека американските официјални лица се обиделе да добијат конзуларен пристап до уапсениот во согласност со Виенската конвенција.

Апсењето се случи во периодот кога односи меѓу Вашингтон и Москва се влошени, пред се поради кризата во Украина, војната во Сирија, и обвнувањата за руското мешање во претседателските избори во САД.

Треба да знаете
Последни објави