Пијан Тајланѓанец убил шестмина, меѓу кои и своите две деца по прославата на Новата Година бидејќи семејството на сопругата го омаловажувало. По масакрот убиецот си пресудил самиот, пукајќи си во главата.
Масакрот се случил десетина минути по полноќ кога Сучеп Сорсунг се придружил на семејството на неговата сопруга на новогодишната прослава во салон за убавина. Тој бил пијан кога го извадил пиштолот и почнал да пука, рекле од полицијата.
-Сите жртви се членови на семејството, а меѓу нив беа неговиот деветгодишен син и шестгодишната ќерка. Другите жртви се двајца мажи и две жени на возраст меѓу 47 и 71 години. Сорсунг ги застрелал во главата и торзото, изјавија од полицијата.
Тајланд има висока стапка на поседување оружје, па затоа се чести конфликтите предизвикани од љубов или работа.



