Скопјанец прегази тројца, вчера вечерта во скопската населба Чаир, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот на улица Македонска Косовска Бригада. Тогаш С.С.(36) од Скопје управувајќи автомобил „ланчиа“ удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и шестгодишно дете од Косово.
На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.



