Од први јануари годинава во Албанија стапи на сила закон кој не наиде на одобрување кај повеќето граѓани во државата. Во Република Албанија од Нова Година повеќе нема да има кладилници и казина, бидејќи нивноот работење ќе биде забрането со закон.
Согласно законот ќе бидат затворени околу 4.300 кладилници. Министерката за внатрешни работи изјави дека секое казино или кладилница кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцела со канабис.
Другата одлука која од Нова Година важи во Албанија е што претпријатијата со годишен промет од 8 до 14 милиони евра, ќе плаќаат трипати поголем данок од сега. Одлука којашто наиде на одобрување е тоа што школарините ќе се преполоват. Владата исто така од денеска ќе плаќа 400 илјади лека за прво дете, 800 за второ и милион и 200 илјади лека за трето дете.