Пожарникарите во Холандија ја поминале новогодишната ноќ гаснејќи повеќе огнени торнада кои биле предизвикани поради традиционални огнови во летувалиштата во Шевенинген, како и поради силниот ветер, пишува „Јуроњуз“.
Жителите секоја година градат клада со дрвени палети како дел од нивната традиција и се натпреваруваат со други населби.
Но, оваа година работите излегле од контрола, пламените, кои ги разнел ветрот, се претвориле во огнени торнада. Пожарите и торнадата предизвикале дожд од пепел над градот и запалиле покриви на згради и куќи, како и неколку автомобили. За среќа нема повредени, додаваат локалните медиуми.