Три лица лица загинаа за време на новогодишната прослава како резулатат на користење на пиротехнички средства.
Во Австрија, 17-годишен тинејџер почина за време на палење на огномет, додека во Холандија за време на новогодишната ноќ во два одделни инциденти починаа две лица.
Австриската полиција соопшти дека еден тинејџер се обидел да запали ‘топчеста бомба’ во металната цевка, но одеднаш таа изненадно експлодирала и му нанела на момчето тешки повреди на главата, пренесува АП.
Агенцијата додава дека по инцидентот момчето било пренесено в болница, но таму им подлегнало на повредите.
Во Холандија пак некаде по полноќ на улица било пронајдено тело на маж, а полицијата верува дека тој бил убиен од експлозија на огномет.
Во градот Мора, исто така во Холандија, 41-годишен маж починал од огнометот. За сега, околностите на оваа несреќа не се познати.