Клинтон: Годината што измина беше година на мрачо време за САД

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон 2018 година ја нарече година на мрачно време за САД.

Клинтон во својата порака за Нова година, објавена на социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои внеле светлина во текот на 2018 година, на активисти кои им помагаа на децата на границата, новинарите кои се залагаа за вистината, организаторите кои ги мобилизираа гласачите за изборите, на гласачите кои направиле нивниот глас да чуе и на сите оние кои маршираа, протестираа и повика на вредности кои ги споделуваме, напиша Клинтон.

Таа изрази надеж дека во 2019 година ќе биде посветла.

„Се надевам дека 2019 година ќе биде по светла и дека ние со заедничка посветеност ќе ја направиме посветла”, напиша Хилари Клинтон.

Треба да знаете
Последни објави