Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор најави дека ќе започне регрутацијата на цивили за новата Национална гарда, која ќе стане главна безбедносна сила на земјата.
Владата се надева дека ќе регрутира околу 50 илјади цивили, кои ќе се приклучат на воените сили и на федералната полиција кои се дел од Националната гарда, рече Обрадор.
Цивилите кои се заинтересирани да конкурираат за Националната гарда можат тоа да го сторат преку регрутните центри на копнената војска и на морнарицата.