Полицијата трага по возач на „мерцедес“, кој прегазил пешак па избегал, вчера во скопската населба Аеродром, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 2.15 часот на булеварот Јане Сандански. Тогаш автомобил „мерцедес“ удрил во пешакот М.Ц.(40) од Скопје, по што избегал без да му помогне на повредениот.
По судирот М.Ц. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.
Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.