Српскиот претседател, Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство до рускиот претседател, Владимир Путин по повод трагедијата во Магниторск.
Вучиќ го замолил Путин, неговото сочувтство да го пренесе на семејствата на загинатите, како и оние кои се уште ги бараат своите најблиски.
Тој во телеграмата навел дека веста ја потресе Србија и дека српскиот народ учествува во болката на братскиот руски народ, пишуваат српските медиуми.
„Во вакви моменти е тешко да се најдат зборови за утеха, но знам дека раководството на Руската Федерација, како и раководството на регионот Чељабинск, ќе дадат силна поддршка на семејствата на жртвите“, посочил Вучеќ.
Ако Србија може да помогне на каков било начин, ние сме подготвени да ја обезбедиме оваа помош, додаде Вучиќ во телеграмата.