Два автомобили оштетени од заскитани куршуми

Два автомобили во Скопје биле оштетени од заскитани куршуми, информираше МВР.

Според полицијата, првата пријава дошла вчера во 9.20 часот од М.Ч.(55) од Лисиче. Тој пријавил дека на паркинг на  улицата Кресна ветробранското стакло на неговиот автомобил „мерцедес“, како и едно од седиштата се оштетени од залутано зрно.

Скопјанецот С.Р.(38), пак, вчера во 20.30 часот  пријавил дека на паркинг на улицата Ресенска во Чаир од  заскитан куршум оштетен бил ретровизорот од неговиот автомобил „ауди А4“.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

Треба да знаете
Последни објави