Хотел во центарот на Сиракуз, Њујорк, беше евакуиран поради истекување на гас.
Пет лица од хотелот превентивно биле однесени в болница.
Нешто по 8 часот, персоналот на хотелот им наредил на сите гости да ја напуштат зградата. Њујоршките медиуми објавија дека вкупно 25 гости биле евакуирани од 19 соби во хотелот.
Портпаролот на противпожарната бригада, Бери Ласки, изјави дека на првиот кат од хотелот се уклучил аларм за јаглен моноксид, по што мнаџерот на хотелот веднаш ја повикал противпожарната служба.
Портпаролката на гасната компанија „Пауер грид”, Вирџинија Лимиатис, посочи дека по инцидентот екипи од компанијата излегле на терен и го лоцирале местото каде настанал проблем, и истекување на гасот.