Еден човек со “сериозен страв” од пајаци, предизвика недоразбирање и итна полициска реакција во Западна Австралија, за време на новогодишните празници.
Според полицијата, еден минувач го подигнал алармот кога слушнал вриштење на дете и возрасен човек како постојано вика: “Зошто не умреш?”
Но, по пристигнувањето во домот на човекот во приградскиот Перт, откриле дека човекот само се обидувал да убие пајак.
Во твит, полицијата соопшти дека немало повредени за време на инцидентот – “освен пајакот”.
“Убаво е што тоа е само инцидент со пајак” соопшти полицијата.