Македонски државјанин вчера на автопатот А3 кај Нова Градишка, Хрватска, возел со брзина од 254 километри на час, објави агенцијата „Хина“.
Полицијата вчера запрела македонски државјанин со автомобил со германски таблички кој возел со брзина од 254 километри на час кај Нова Градишка. Бродско-посавската полиција го запрела 31-годишниот „рекордер“ вчера околу 12 и 45 часот. Тој бил исклучен од сообраќај и добил парична казна.
Ограничувањето на брзината на автопатот е 130 километри на час.