Американската јавност ја изненади фотографијата што на Инстаграм ја објави првата дама на САД за да им посака среќна Нова година, и тоа од две причини: бидејќи фотографијата од некоја причина е црно-бела и затоа што некој од фотографијата е исечен, а повеќето се сомневаа дека тоа е Барон, синот на Меланија и Доналд Трамп.
Многумина се прашуваат зошто првата дама би го исекла лицето на нејзиниот син од новогодишната фотографија.
Доналд Трамп не е помалку интересен за социјалните мрежи. Неговата новогодишна порака на Твитер испровоцира многумина, особено оние кои не се поборници на неговата политика.
„Среќна Нова година на сите, вклучувајќи ги хејтерите и фановите на лажни вести! Ова ќе биде фантастична година за оние кои не страдаат од синдромот на понижување на Трамп. Само смирено и уживајте во возењето, прекрасните работи што се случуваат во нашата зе