Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот државен секретар Мајк Помпео не успеаја да ги отстранат препреките на американската администрација за продажбата на модифицираните авиони Ф-16 на Хрватска, објавија израелски официјални лица.
Нетанјаху и Помпео разговараа на маргините на инаугурацијата на новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро, а израелски извор вели дека прашањето на продажба на авиони е ,,заглавено во длабока бирократија” и дека тоа всушност е единствено прашање за кое Американците и Израелците не се согласуваат.
Трамповата администрација сака Израел да и продаде на Хрватска 12 авиони Ф-16, како што се оригинално произведени, без технолошката надградба која што ја правеле Израелците. Хрватската влада инсистира на ,,израелската верзија” на авионите и тврди дека во спротивно ќе се откаже од договорот.