Обезбедувач во кафуле во центарот на Скопје за време на дочекот на Новата Година со пиштол им се заканувал на гости, информираше МВР.
Случајот во полицијата вчера го пријавил Ј.К.(19) од Скопје. Според него, околу 3 часот додека се наоѓал во угостителски објект на плоштад Македонија заедно со негови другари дошло до недоразбирање со менаџерот околу подмирување на сметката.
Надвор од објектот настанала расправија и во еден момент Д.А. (50) од Скопје, лице од обезбедувањето, извадил пиштол и им упатувал навреди.
По целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.