Врнежите ќе се поинтензивни на запад и на југ, а ќе продолжат повремено и во текот на ноќта, велат синоптичарите и додаваат дека ќе дува и умерен северен ветер, а ветровито ќе е и преку ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во текот на утрешниот ден времето исто така ќе биде облачно со врнежи од снег особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава, а до крајот на денот, како што информираат од УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка.
Помалку снег се очекува во североисточните делови. Поради засилениот северен ветер утре можна е појава на снежни навеви, велат синоптичарите.
Во наредните неколку денови времето ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби повремени врнежи од снег, велат од УХМР. А ќе има услови и за појава на голомразица.