Кумановец бил тешко повреден во моторот што го управувал се судрил со автомобил, вчера во Куманово, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајката се случила околу 21 часот на крстосницата од улиците 100 и 146, кога мотоцикл „априлиа“ управуван од Ф.С.(22) од Куманово се судрил со автомобил „форд фокус“, што го управувал кумановецот А.Б.(28).
Во незгодата тешко е повреден моторџијата, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.