Од пожар што избувна доцна синоќа на приземјето на станбена зграда во Нови Пазар, беше спасено едно бебе, кое било заглавено во некој од становите и чиј живот се наоѓал во опасност, пренесуваат српските медиуми и додаваат дека за среќа, по брзата реакција на лекарите, нејзиното здравје се стабилизира.
Во пожарот според првичните информации нема други повредени.
Во гасењето на пожарот, освен пожарникарите учествуваа и голем број граѓани, кои исто така помогнаа и да се евакуираат станарите.
По пожарот, медицинскиот персонал ги прегледал сите станари, и тие се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Причината за пожарот засега е непозната.