Србин со автомобил излетал од регионалниот пат Гостивар-Маврово и тешко се повредил, информираше МВР.
Сообраќајната несреќа се случила околу 1.20 часот кај Новоселски Мост кога автомобил „нисан“ со српски национални ознаки управуван од Ф.И.(32) од Србија, излетал од коловозот.
Србинот со тешки повреди со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар. Поради сериозноста на повредите Ф.И. бил пренесен на комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.