Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека договорот меѓу Белград и Приштина, чии контури се уште не постојат, на сите страни треба да им донесе чувство на победа, не само за Косово, туку и на Србија и меѓународната заедница.
Тачи, во интервју за приштинските медиуми потврди дека клучна точка на договорот ќе биде признавање на независноста на Косово од страна на Белград и столче за Приштина во ОН.
Тој додаде дека овие документи треба, како што вели, да ги дефинираа и сите други отворени прашања меѓу двете земји.