Германската канцеларка Ангела Меркел се соочи со напад од страна на нејзината владеачка Христијанско-демократска унија, која смета дека поголем дел од мигрантите кои од 2015 година влегле во Германија не се интегрирани во доволна мерка, пренесуваат германските медиуми.
„Слоганот на Ангела Меркел од 2015 година „Ќе успееме“ до денеска не е исполнет. Морам да предупредам да не паднеме повторно во фаза на наивност во која се наоѓавме тогаш“ рекол главниот секретар на владеачката ЦДУ, Волфганг Стегер.
Тој го оспори неодамнешниот настап на претседателот на Сојузот на германски работодавци, Инга Крамер, кој тврдеше дека поголем дел од бегалците се добро интегрирани во германскиот пазар на труд, со што слоганот на канцеларката Меркел е исполнет.
Стегер се заземаше за вселување, но под јасни принципи и потреби на германскиот пазар на труд.