Градоначалникот Борис Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба за 2019 година, машко дете – Ведран, родено во 00.01 минута на полноќ со тежина од 3 килограми и 940 гр и долго 52 сантиметри, на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар.
Традиционално, градоначалникот Георгиевски на семејството Ангеловски од населбата Хиподром, им посака среќни новогодишни и божиќни празници, а особено им честита што го донесоа на свет Ведран, како прв жител на општина Гази Баба и во Република Македонија, машкото дете на нашето поднебје е предзнак за бериќетна и успешна година.
Градоначалникот Георгиевски му посака на Ведран многу здравје, убаво и безгрижно детство а на семејството им додели 20.000, 00 денари и играчка за бебето.