Непознати лица вчера поставиле барикада на железничката пруга во Прилеп, информираше МВР.
Во 19.45 часот било пријавено дека на пругата кај стојалиште Слепче, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, наишол на поставени предмети на средина на пругата. Возот застанал и поминал без оштетување и во 20.40 часот го продолжил движењето кон Скопје.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.