Кина не ја исклучува можноста за употреба на сила кон Тајван, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека земјата ќе биде повторно обединета.
– Пекинг има право да ги употреби сите неопходни средства против надворешните сили, кои го спречуваат мирното обединување на Кина и поддржуваат сепаратистички дејствија, предупреди Си.
Тој истакна дека „никој не може да го смени фактот дека Тајван е дел од Кина и дека луѓето од двете страни на Тајванскиот проток треба да се стремат кон повторно обединување”.
– Независноста на Тајван може да доведе само до безизлезна состојба. Мирното решение на тајванското прашање е сигурен пат кон зачувување на безбедноста и мирот во регионот, нагласи кинескиот претседател.